UhmrLogo4PrintSmall.png

Редовни сателитски продукти

Печати
Оценка од корисникот: / 15
НајлошоНајдобро 

Метеоролошките сателити постојано испраќаат големи количества на дигитализиран материјал кон центрите за обработка. Основните продукти кои се на располагање на националните метеоролошки центри, но и на други субјекти (по разни основи), можат да послужат за понатамошни поспецифични обработки.

Управата за хидрометеоролошки работи на Република Макединија од оваа година воведе нови продукти од сателитски добиени материјали, како своја секојдневна активност.

Сите продукти се врз основа на сателитски метеријали од Еуметсат (EUMETSAT Copyright © 2012)

Опис Продукт Својства Коментар
Детекција на движење на облачни системи

редовно, на 3 часа текст излезархива на продукти геореференцирањеподелени: апликација, податоци, презентирање анимација


Изградивме процедура која е во состојба да спореди промени кои настанале помеѓу два последователни термини. Во исто време се одредува и насока во која настанало движењето. Бидејќи промената настанала помеѓу две слики кои се направени во интервал од 15 минути, ние сме на чекор до проценката на ветер на нивото на облачните маси над разгледуваниот
регион.

Максимално визуелно движење

редовно, на 3 часа текст излезархива на продукти геореференцирањеподелени: апликација, податоци, презентирање анимација

 

 

Уште еден продукт заснован на процедури на анализа на динамика на флуиди. Резултатот е добиен од две слики кои се направени во интервал од 15 минути. Оценката за корисност на овој продукт ќе ја направиме во следниот период. И ова е продукт поврзан со ветер на нивото на облачните маси над разгледуваниот регион.

Можете да ги видите и специјалните сателитски продукти.

Тема на нашиот форум : Сателитска метеорологија.

Управата за хидрометеоролошки работи располага со сателитска приемна станица DAWBEE (добиена во рамките на проектна соработка со Eumetsat). Постојаното добивање на сателитски материјали од сателитите на Eumetsat го подобрува квалитетот на информирањето и прецизноста на краткорочната прогноза. Прецизноста е зголемена кај најкраткорочната прогноза (1 - 3 часа).

Иако материјалите најчесто се добиваат на секои 15 минути, во оваа календарска година нашите дополнителни продукти ќе се достапни на секои 3 часа (во термините во кои податоците од нашите мерни места се доставуваат во меѓубнародната размена)!

Share/Save/Bookmark