UhmrLogo4PrintSmall.png

Предупредувања по региони, (Мк)

Печати
Оценка од корисникот: / 409
НајлошоНајдобро 

Ниво на најголема опасност по региони. Секој регион е обоен со бојата на највисоката опасност која се најавува. (видете подолу за поделбите по региони, нивоа на опасност и елементи).
Од 29.09 2011 г. секојдневно најдоцна до 12 часот (локално време) се објавува графички материјал кој се однесува на ниво на опасност за тековниот и утрешниот ден.

Ако регионите се со бела боја бело (најчесто на мапата за утрешниот ден), почекајте додека не бидат објавени најновите податоци.

Директна врска до предупредувањето за дeнес..! Предупредување за утре!

Предупредувањата на карта:

Предупредувања за денес

{a}
 
Предупредувања за утре

{b}
 
 

Види: Дали мојот пребарувач ги покажуав најновите податоци?

 

 

Елементи

Предупредувањата се однесуваат на следниве елементи:

1. ветер ветер
2. врнежи врнежи
3. невреме невреме
4. високи температури високи температури
5. ниски температури ниски температури
6. магла магла
7. снег и заледување снег и заледување

 
Нивоа на опасност

За секој од регионите се одредуваат 4 нивоа на опасност:
1. зелено зелено - нема опасност
2. жолто жолто - мала опасност (вонредна појава)
3. портокалово портокалово - особена опасност (опасна појава)
4. црвено црвено - опасност со катастрофални последици (катастрофална појава).

Забелешка:

- бело белата боја означува дека за регионот сеуште не се објавени податоците за предупредување.

 
Региони

Предупредувања се објавуваат за 6 региони кои ја покриваат целата територија на Република Македонија:
1. Северен-Вардарски
2. Осоговско-Малешевски
3. Јужен-Вардарски
4. Пелагониски
5. Охридско-Преспански
6. Полог-Поречје

 

 
 

Системот за аларми на порталот на meteo.gov.mk е синхронизиран со Европската иницијатива на ЕУМЕТНЕТ за Метеоаларм и проектот за следење топлотни бранови на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Република Македонија.

Претставување пред стручната јавност:

Последни измерени податоци:

Измерени вредности
 
Од мерната мрежа
 
Објаснување
Податоците се измерени на мрежата на мерни места на УХМР кои имаат синоптичка програма за работа. Оваа програма опфаќа постојано набљудување и постапки на мерења на секои 3 часа, и тоа во последените десет минути од терминот. Извештаи за резултатите се составуваат во вид на шифрирана порака и се испраќаат кон УХМР. Термините се одредени според правилата на СМО, и тоа почнувајќи од 00:00 UTC (така се означува првата временска зона која започнува од Гринич меридијанот и некаде се бележи како GMT). Локалното време кај нас е Централно европско време CET = UTC + 1, со корекцијата заради летното сметање на времето (+1 час во летниот период).
 
 

За да преминете во 3Д одберете ја можноста "Earth" (горе, најдесно на мапата). Потоа држете притиснато "Ctrl", или "Shift" и влечете преку мапата. Ако прескокот во 3Д не ви функционира, инсталирајте го Google Earth plugin додатокот наменет токму за вашиот пребарувач.

Обновувањето на материјалите: секој ден до 12 часот за предупредувањата за тековниот и за следниот ден!

Share/Save/Bookmark