UhmrLogo4PrintSmall.png

Радарски мониторинг - основа

Печати
Оценка од корисникот: / 54
НајлошоНајдобро 

Продукти од радарски мониторинг од метеоролошките радар на УХМР.

РЦ Тополчани РЦ Ѓуриште Коментар
Метеоролошки појави За да се разберат графичките продукти потребно е искуство и знаења од областа на метеорологија, радарски мониторинг и основна анализа за временската состојба во последните 12 часа.

Мрежата на радарски центри располага со два дигитализирани метеоролошки радари. Графичките материјали се продукти од софтвер за обработка на дигитализирани радарски сигнали од руско потекло. Во горниот дел од сликата може да се забележат обоени правоаголници кои содржат еден или повеќе симболи кои соодветната боја на правоаголникот ги означува. Облаците и облачните системи се најчесто сосема неправилни обоени форми, а правилните кругови со бројки во средината се локациите од кои се лансираат противградните ракети. Форматот на датумот и времето е "yyyy-mm-dd hh-mm-ss" ("година-месец-ден час-минути-секунди").

На порталов може да се видат последните достапни материјали (понекогаш тие може да се од пред период од еден или неколку дена). Ако радарските центри се само во состојба на минимална активност, тогаш графичкиот материјал од двата радарски центри е достапен повремено, и во зависност од степенот на активност на секој одделен центар. Сепак ритамот на проверка за нов пристигнат материјал е на секои 15 минути, за колку што последната пристигната слика ќе биде видлива и на порталот на УХМР!

Share/Save/Bookmark