UhmrLogo4PrintSmall.png

Регионална средба (ЈИЕ) - хидрологија

Печати
Оценка од корисникот: / 11
НајлошоНајдобро 

На крајот од март ( 31.03.2015) година во хотелот " Stone Bridge" во Скопје Проектен управен одбор во областа на хидрологијата одржа регионалeн состанок за земјите од Југоисточна Европа. Се одржа и тренинг обука за системи насоки за справување со поројни поплави. На овој состанок учество зедоа повеќе земји од Југоисточна Европа,  Србија, Словенија, ЦрнаГора, Хрватска, Романија, Италија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Македонија, како и претставници на Светската метеоролошка организација и Соединетите Американски Држави.

Настанот и свеченоста ја отвори директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, мр Оливер Ромевски со поздравен говор. По него зборуваше претставникот на Светската метеоролошка организација, г-дин Милан Дациќ, како и г-дин Томасо Абрате. По свеченото отварање беше одржана прес конференција, а потоа започна и сесијата на презентации на искуствата на сите земји поврзани со темата на овој состанок.


Меѓјународната конференција ќе трае до 2 април.

Благодарност до медиумите кои го проследија целокупниот настан.

Со почит,

УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ

 

 

СКОПЈЕ 31.03.2015.

 

 

 

 

 

 

 

Share/Save/Bookmark