UhmrLogo4PrintSmall.png

УХМР ОДИ НАПРЕД (НОВО)

Печати
Оценка од корисникот: / 19
НајлошоНајдобро 

СЕЗОНСКИ ИЗГЛЕДИ
ЈУНИ-ЈУЛИ-АВГУСТ 2017
УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ
Подготвил: Проф. д-р Владо Спиридонов

Информацијата можете да ја превземете на следнава врска тука!

 

УВ-индекс

Управата за хидрометеоролошки работи во соработка со Германската Метеоролошка Служба (DWD), како една од водечките во светот и согласно потпишаниот MoU, во рамките на својата програмска и оперативна работа за период воведува детализиран приказ за УВ-индексот во Македонија за тековниот ден и три (3) дена одапред.УВ-индекс претставува мерка за интензитетот на ултравиолетово зрачење од Сонцето. Всушност, УВ-индексот е меѓународна стандардна

...величина за мерење на јачината на ултравиолетовото (УВ-зрачење). Во зависност од предвидените вредности на УВ-индексот се вршат и предупредувања на луѓето за штетноста на УВ-зрачењето и начинот на кои треба да се преземат одредени заштитни мерки. Со зголемување на УВ-индексот, сончевото УВ-зрачење може да влијае штетно врз кожата, очите и имунолошкиот систем. Затоа, треба да се преземаат повеќе мерки за заштита од штетните УВ-зраци. Пресметување на УВ-индексот, е според препораките од страна на Светската метеоролошка организација (СМО) и Светската здравствена организација (СЗО), преку мерење на интензитетот на сончевото УВ-зрачење со различни бранови должини.

 

Известување за вредностите на УВ-индексот

УВ-индексот го опишува нивото на сончевото УВ-зрачење на површината на Земјата. Вредностите на индексот се движат од нула па нагоре. Колку е повисока вредноста на индексот, толку е поголема можноста за оштетување на кожата и очите, и помалку време е потребно да се случи оштетувањето. Прогнозите на УВ-индексот го вклучуваат влијанието на облачноста при простирањето на УВ-зрачењето низ атмосферата. Вредностите на УВ-идексот се групирани по категории на изложеност. Со проверка на временската прогноза може да се добие секојдневна информација за јачината на Сонцето. УВ-индексот го категоризира УВ-зрачење како (ниско, умерено, виско, многу високо и екстремно) и го опишува секое ниво и како и неопходните превентивни мерки кои треба да се преземат за заштита. Крајна цел на известувањето за УВ-индексот е оваа дневна информација да биде прифатена како општо корисна за јавноста.

 

 

Save

Share/Save/Bookmark