UhmrLogo4PrintSmall.png

Состанок на СМО во Загреб

Печати
Оценка од корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 

WMO_Zagreb_October2016Поплави, пожари, урагани и останатите елементарни непогоди се веќе глобален проблем. За зачувување на човечките животи е потребен и многу е важен систем за рано предупредување  на опасни метеоролошки и хидрлошки појави. Тоа е главна тема на состанокот на Светската Метеоролошка Организација кој се одржува за Југоисточна Европа којсе одржува во Загреб во овој момент.
Топењето на ледот на половите е една од најопасните последици на глобалното затоплување. Минатата година беше најтопла откако се спроведува мерење во светот. Решенија за ова нема во блиската иднина, а предвидувањата се катастрофални.

“Поради топлите бранови ќе има повеќе топлотни удари кај луѓето, но и се почеста појава на шумски пожари. Повеќе врнежи и периоди со интензивен дожд ќе предизвикуваат големи поплави. Ќе има почеста појава на невреме, а голем проблем е и глобалното загревање на морињата и реките” нагласи првиот човек на Светската Метеролошка Организација, Генерал-ниот секретар Г-дин Петери Талас од Финска.
Нужно е да се постави заедничка платформа преку која ќе се собираат и делат информациите. Во Југоисточна Европа некои држави недоволно соработуваат, а временските катастрофи не познаваат граници.

Ваквите конференции се потребни за да се предвидуваат подобро временските прилики, и да се делува координирано и превентивно.
Директорот на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија, Г-дин М-р Оливер Ромевски ги презентираше настаните во Македонија на 6 август кои многу ќе допринесат во создавање на Системот за рана најава на повеќе видови опасности и под иницијатива и подршка на Светската Меторолошка Организација за регионот на Југоисточна Европа.

20161006WmoZagrebPresentation


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share/Save/Bookmark