На крајот од март ( 31.03.2015) година во хотелот " Stone Bridge" во Скопје Проектен управен одбор во областа на хидрологијата одржа регионалeн состанок за земјите од Југоисточна Европа. Се одржа и тренинг обука за системи насоки за справување со поројни поплави. На овој состанок учество зедоа повеќе земји од Југоисточна Европа, Србија, Словенија, ЦрнаГора, Хрватска, Романија, Италија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Македонија, како и претставници на Светската метеоролошка организација и Соединетите Американски Држави.