Метео

Зимски центри
05.07.2008
П. Шапка(17h)
+19.4 0C
Маврово(17h)
+25 0C
Крушево(14h)
+22.9 0C
Вчера
мак мин
36,2 (17h) 10,3 (5h)
Гевгелија Берово
НАЈАВИ
06.07.2008
Стабилно и топло
Следува период на стабилно, суво и топло време.
НОВОСТИ
20.06.2008
Прв на Балканот соларен центар за тестирање
На 23-ти јуни во Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде пуштен во употреба соларен центар-прв на Балканот од ваков вид.По тој повод во понеделник во 12 часот ќе биде организирана свеченост.

ОПШТО ЗА УХМР

  • Историјат

    Историјат

    УХМР од основање до денес

    • Први мерења од 1891.
    • Мрежа на станици во 1923.
    • Основање на УХМР во 1947.
    • Членка во СМО од 1993.

    Низ историјата

    Хидрометеоролошката дејност на територијата на Република Македонија има богата и долга традиција. Таа датира уште од 1891 година кога се вршени првите метеоролошки мерења и набљудување, а организирана мрежа на хидрометеоролошки станици постои од 1923 год. До 1947 година, со оглед на околностите, доаѓало до повремени прекини во мерењата и набљудувањата. Тогаш е основана Хидрометеоролошката служба на Народна Република Македонија и е формирана нова хидрометеоролошка мрежа. Денес во Управата за хидрометеоролошки работи има 236 има 236 вработени од кои 63 се со универзитетска наобразба. Улогата на Управата за хидрометеоролошки работи во последните години ги надминува рамките на класичното набљудување на времето, климата, водите и нивното прогнозирање. Невозможно е да се замисли социо-економскиот развој на Република Македонија без информациите што ги дава оваа институција за совладување на проблемите од областа на промената на климата, управувањето на водните ресурси, ублажувањето на природните непогоди и деградацијата на животната средина.

  • Блиско минато

    Блиско минато

    Светската метеоролошка организација

    • Членка во СМО од 1993.

    Нашата земја

    како суверена и независна држава од 1993 е членка на Светската метеоролошка организација која е специјализирана агенција на обединетите Нации. Членувањето во оваа организација создаде нови можности и перспективи за развој на меѓународната соработка во областа на метеорологијата, хидрологијата и заштитата на животната средина, преку учеството во работата на конгреси, работни тела, комисии и работни групи кои се формираат на ниво на региони и пошироко. При тоа Управата за хидрометеоролошки работи како носител на хидрометеоролошката дејност во државата има функција на Национален метеоролошки центар. Извршувајќи ги и координирајќи ги мегународните обврски со својата истражувачка и развојна програма Управата учествува во повеќе национални и меѓународни проекти (MED-HYCOS, EMEP, MEDSEEME – PEP и др.) потпишува билатерални и мултиларални договори и соработува со меѓународните хидрометеоролошки и други институции (UNDP, UNESCO, FAO, ICSU, PHARE, JICA, World bank, и други).

  • Структура

    Структура

    Сектори во УХМР

    Сектори во УХМР

    Систематизацијата, последна од 2000 година, има предвидено .......

  • Кадрови

    Кадрови

    Систематизација на вработени

    Кадровска поставеност

    Систематизацијата, последна од 2000 година, има предвидено .......

Сите податоци на нашиот портал се неофицијални. За можни грешки се извинуваме однапред.
Дизајнот на порталот е дизајниран и оптимизиран за пребарувачот Int.Explorer ver.6 i ver7.

Copyright 2007 - Infoproject Computers