Метео

Зимски центри
05.09.2008
П. Шапка(17h)
+21.4 0C
Маврово(17h)
+26.2 0C
Крушево(14h)
+26.4 0C
Вчера
мак мин
35,8 (17h) 9,9 (5h)
Демир Капија Берово
НАЈАВИ
05.09.2008
Сончево и топло
До вторник следува период на стабилно, сончево и топло време.
НОВОСТИ
20.06.2008
Прв на Балканот соларен центар за тестирање
На 23-ти јуни во Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде пуштен во употреба соларен центар-прв на Балканот од ваков вид.По тој повод во понеделник во 12 часот ќе биде организирана свеченост.

ТЕСТИРАЊЕ НА ТЕРМАЛНИ СОЛАРНИ СИСТЕМИ

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ТЕРМАЛНИ
СОЛАРНИ СИСТЕМИ И КОМПОНЕНТИ (МЦТТССК)
MACEDONIAN CENTER FOR TESTING THERMAL
SOLAR SYSTEMS AND COMPONENTS (MCTTSSC)

  • Вовед

    Вовед

    ..

    Деновиве, во рамките на македонско-австрискиот проект

    • „Соларни загревачи на вода”, кој е подржан од Вадата на Република Македонија, финансиски потпомогнат од германската Агенција за Развој (DBU), во партнерство со Македонската Академија на Науките и Уметнистите (МАНУ), Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), инстититутот AAE INTEC од Австрија,Управата за Хидрометеоролошки работи како краен имплементатор на Тест Центарот за Соларни Системи, по препорака на проф. д-р Харалд Драк, испрати двајца инженери на специјална обука во Универзитетот во Штутгард, во Институтот за Термодинамика и Термотехника (Institut für Thermodynamik und Wärmetechnik - ITW - http://www.itw.uni-stuttgart.de/). Во соработка SWT (Solar- und Wärmetechnik Stuttgart - http://www.swt-technologie.de/), под водство на Доминик Бестенленер и Штефан Фишер обуката беше успешно завршена. На специјалната обука беа: дипл. инж. по физика Киро Митевски и дипл. физичар-метеоролог Александар Д. Проданов.

    • Нашата мисија: Проверка на квалитетот и ефикасноста на соларните колектори.
      Нашето мото: „Тестирањето-Гаранција за квалитетот”

  • Мисија

    Мисија

    ..

    • Тест центарот за тестирање на сончеви колектори и системи ќе биде центар за испитување на квалитетот на Сончевите колектори по интернатционалните (ИСО) стандарди како и по стандардите на ЕУ. Производителите на сончеви колектори и системи ќе можат да го проверат квалитетот на своите производи по највисоките стандади прифатени од Европската Унија и по Меѓународните стандарди (ИСО).Сите производи кои ќе ги поминат пропишаните тестови, според ЕУ и ИСО стандардите, ќе бидат со квалитет што ќе ги задоволи и најпребирливите потрошувачи. Во Тест центарот ќе можат да се испитуваат, не само производите кои се произведуваат во Македонија, туку и увезените производи, доколку тие не се веќе испитани во друг светски центар за испитување на квалитетот на колектори и системи. Исто така, во центарот ќе можат да се испитуваат и системите и компоненти од соседните земји, бидејќи на Балканот овој Тест центар ќе биде втор (првиот е во Атина).

    • Во соработка со проф. д-р Харалд Драк, од Институтот ITW, како и со Вернер Вајс, од Виена, одбрана е перфектна локација за Тест центарот, која ги исполнува сите потребни барања за еден таков центар. Очекуваме, со користењето на услугите на нашиот Тест центар да бидат задоволени и производителите, кои ќе можат да ги проверат своите производи, но уште повеќе корисниците на соларени колектори,кои ќе имаат една вистинска гаранција за нивните инсталирани системи. Сите компоненти и системи кои ќе бидат тестирани и кои ќе ги поминат тестовите ќе добиваат и соодветни сертификати за квалитет.

Сите податоци на нашиот портал се неофицијални. За можни грешки се извинуваме однапред.
Дизајнот на порталот е дизајниран и оптимизиран за пребарувачот Int.Explorer ver.6 i ver7.

Copyright 2007 - Infoproject Computers