Метео

Зимски центри
05.07.2008
П. Шапка(17h)
+19.4 0C
Маврово(17h)
+25 0C
Крушево(14h)
+22.9 0C
Вчера
мак мин
36,2 (17h) 10,3 (5h)
Гевгелија Берово
НАЈАВИ
06.07.2008
Стабилно и топло
Следува период на стабилно, суво и топло време.
НОВОСТИ
20.06.2008
Прв на Балканот соларен центар за тестирање
На 23-ти јуни во Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде пуштен во употреба соларен центар-прв на Балканот од ваков вид.По тој повод во понеделник во 12 часот ќе биде организирана свеченост.

Вештачко влијание и модификација на времето

  • Историја

    Историски развој

    За историски ден во модификацијата на времето се смета 13 Ноември, 1946 г.

    • кога научникот Винсент Шефер го извел првиот експеримент, по пат на засејување на облаци со СО2 (сув мраз).

    Овој едноставен експеримент

    претставувал прва успешна демонстрација дека природниот преладен облак би можел да се претвори во облак со ледени кристали. Модерната наука на физиката на облаците и експерименталната метеорологија започнува со појава на научникот Томас Хендерсон, 1994. После откривањето на основниот принцип во модификација на времето, кој се потпира на механизмот за претварање на преладените облачни капки во ледени кристали по засејувањето на облаците со ладни реагенси (сув мраз), или со вештачки јадра на кристализација, AgJ (сребро јодид), голем број научници во областа на атмосферски науки и технологии, направија брз прогрес кон ова откритие.
    Понатамошните истражувања во оваа област ги зголемија нашите познавања за микрофизичките и динамичките процеси и врнежите од природните облаци и влијанијата на човечките активности од аспект на модификација на овие процеси

  • Резиме

    Резиме

    Географско климатските карактеристики на Македонија се многу специфични.

    • Тие се поврзани со појава на долготрајни суши, интензивни конвективни облаци со град во летниот период на годината и чести и густи магли во текот на зима.

    • Таквите временски услови силно се рефлектираат на економијата и животот на луѓето во Македонија. Снабдувањето со вода во неколку реони станува критично. Нивото на водата во Дојранското Езеро е во постојано опаѓање, со потенцијална опасност за негово еколошко деградирање. Земјоделството постојано трпи штети, од сушите и штетите од градонсоните облаци. Најголемиот енергетски комбинат РЕК-Битола, односно рудникот Суводол, има големи загуби поради појавата на чести и густи магли во текот на зимските месеци.

    Можност за ублажување на овие состојби.

    • Научните и технолошките достигнувања и светките искуства, во модификација на времето ја потенцираа можноста за ублажување до извесен степен, од овие негативни ефекти на неповолните временски феномени. Меѓутоа добро е познато дека искуствата достигнати во некои области не бе можеле автоматски да се трансферираат во други, бидејки истите зависат од географско-климатските услови.

    • Истотака, модификацијата на времето сеуште се наоѓа во развојна фаза. Од овие причини, за успешна реализација на активностите во модификацијата на времето неопходни се два услови: научен и мултидисциплинарен пристап.

  • Физички основи

    Физички основи

    за модификација на времето

    • За успешна модификација на времето од аспект на заштита од град, зголемување на врнежи или растерување на магла неопходно е да се познаваат физичко динамичките процеси кои се случуваат кај овие временски појави. Општо е познато дека формирањето на градоносните облаци е повразно со одредени атмосферски услови: нестабилна атмосфера, загревање, присаство на влага и погодни орографски услови.

    • Сето тоа допринесува за постепен развој на конвективни облаци, кај кои е карактеристичен вертикалниот развој, т.е. транспорт на влага и топлина од приземните слоеви кон повисоките слоеви. Формираните термици, по пат на турбуленцијата, оклното вовлекување и мешање на воздухот го интензивира процесот, настапува кондензирање на водената пара и формирањето на базата на облакот.

    • Следува брза еволуција на облакот, ладење на водената пареа и пренесување на процесот во ладниот дел од атмосферата. Настапуваат микрофизички процеси на трансформација на водената пареа во останатите категории вода, преладување на капките, формирање на крупни дождовни капки, ледени кристали, зрна град и снегулки во погорниот дел на облакот.

    • Овие облаци кои претежно се јавуваат во топлиот дел од годината, понекогаш можат да се манифестираат како интензивни олуји, со силен ветер, појава на пороен дожд и град и да претставуваат потенцијална опасност за луѓето и материјалните добра.

  • Основ.принцип

    Основен принцип

    на модификација на времето

    • Еден од принципите во модификација на времето се заснива на искористување на природната енергија која се наоѓа во атмосферата. Во текот на природната еволуција на атмосферските процеси, условите на нестабилност можат да се контролираат со релативно мали пореметувања на системот предизвикани од човекот.

    • Истотака, би требало да се истакне дека способноста да се влијае на микро-физичката структура на облаците е демонстрирана во лабораторија, симулирана со нумерички модели и верифицирана преку физички мерења во некои природни системи на магли, слоести облаци и кумулусни облаци. Како и да е директна физичка евиденција околу можноста за модификација на врнежите, градот, електричните празнења или ветровите по вештачки пат е ограничена. Комплексноста и променливоста на облаците создава големи потешкотии во разбирањето и откривањето на ефектите и обидите за нивно вештачко модифицирање.

    Модификацијата на времето во Македонија

    • Активностите во модификација на времето во Македонија започнуваат во 1971/72 г. со оснивање и организирање на противградобијна заштита, на дел од територијата, со два радарски центри (Ѓуриште и Пожар) согласно методологијата развиена во бившиот СССР. Во периодот од 1979-1981 се активираат уште четири радарски центри, така да заштитата од градобојност покрива поголем дел од територијата на Македониај, на вкупно бранета површина околу 665.000 ха, со околу 320 противградобијни станици (пгс), со просечно сезонска активност околу 1500 исфрлени противградобијни ракети (пгр). Согласно статистиката за периодот 1971-1996 г. појавата на град е најчесто застапена од Април до Октомври, со најголема честина во Мај и Јуни, со (52) просечен број на денови во годината. Површините зафатени со штети од град се различни, од неколку километри до стотици км2, при интензивни градонсони процеси и катастрофални случаи.
      Бројните ограничувања, гломазноста, застареноста на системот посебно во последните неколку години се одразија на неговото успешното функционирање и понатамошно реализирање. Ова посебно е изразено во периодот 2002 г кога одбраната се вршеше со околу 120 активни пгс, со три радарски центри на територија од околу 360.000 ха бранета површина.

  • Заштита од град

    Методологија

    за заштита од град

    • Методологијата за заштита од град која се применува во нашиот систем се заснива на хипотезата за “корисна конкуренција” која претпоставува недостаток на природни ледени нуклеуси во облаците. Со внесувањето на вештачки јадра на сребро јодид се зголемува вкупниот број на ледени јадра во градоносните облаци. На овој начин расположивата преладена вода е ограничена на секој ембрион и зрната град кои се формираат ќе бидат со помали димензии и ќе создадат помали штети ако тие достигнат до земјината површина.

    • Со други зборови, истиот волумен од преладени водени капки во конвективниот облак, во зоната на акумулација се распоредува на многу повеќе вешќтачки јадра на кристализација кои ги создава сребро јодидот, и на тој начин се избегнува формирање на поголеми зрна град. Неколку зборови и за сребро јодидот кој се користи како реагенс за засејување на градоносните облаци. Активноста на AgJ како хетероген нуклеант, чија активност е температурно зависна и е најголема во температурниот интервал од -4 0С до -10 0 С. Како илустрација еден грам пиротехничка смеса сребро јодид создава околу 1012 до 1013 вештачки јадра на кристализација.

  • За успешно спроведување на заштитата офд град, покрај навремената идентификација на облакот со помош на радар, каде се регистрира одразот со максимална радарска рефлексивност, неопходно е навремена и прецизна примена на методологијата за засејување, согласно дефинираните критериуми за дејство, т.е. максимална радарска рефлексивност поголема од 45 dBz, висината на одразот со максимална рефлексивност мора да се наоѓа над нултата изотерма, висината на врвот на зоната на акумулација мора да се наоѓа над -14та изотерма, врвот на одразот со максимална рефлексивност мора да биде над -28ма изотерма и засејувањето на првиот радарски одраз треба да се изврши кога новата ќелија со максимална радарска рефлексивност под 45 dBz се појавува над висината на -6та изотерма во атмосферата.

  • Сегашен статус

    Сегашен статус

    на модификација на времето

    • Светската метеоролошка организација (СМО) покажува особен интерес во можноста за модификација на времето на корисен начин, давајки суштински придонес во ублажување на неповолните ефекти на сушата, градот, маглата и екстремните временски состојби. Во овој контекст 13от Светски метеоролошки конгрес (Женева, 1999) ги разгледа неопходните нови аспекти на активностите во модификација на времето и укажа на брз развој и примена на нови технологии во менаџментот со водените ресурси. Оваа одлука на конгресот била мотивирана од потенцијалниот придонес на активностите на модификација на времето во расветлување на проектираните глобални климатски промени, и очекувања дека еден од суштинските проблеми до 2025 г. ќе биде недостатокот од вода, за околу две-третини од светската популација.

    • Како одговор на овие прашања, СМО во програмата за физика и хемија на облаци и истражување во модификација на времето, промовира воспоставување на научни фондации за модификација на времето и потпомагање во размената на информации за истражување и оперативни активности. За таа цел, една од активностите на СМО во рамките на програмата е поврзана со организација на научни конференции на секои четири години. Првата таква конференција е одржана 1973 г. во Ташкент (Узбекистан), последната неодамна одржана во Казабланка, Мароко.

  • Програма

    Програмата на конференцијата

    • за модификација на времето во Казабланка (2003) покажа некои предности во однос на минатата конференција од повеќе аспекти:

    • a) Подобрување на статистичкиот пристап во однос на дизајнот и проценката на експериментите во модификација на времето;

    • b) Направена е повторна проценка на сите експерименти во модификација на времето кои опфаќаат глациогено засејување;

    • c) Засејувањето со облачни јадра на кондензација (CCN) станува нов стандард, не само за топли облаци но истотака и за ладни облаци;

    • d) Користење на нов Now-casting софтвер за анализа и идентификација на патеките на олуите (ТИТАН);

    • e) Подобрување на нумеричките модели и моделите во мезоразмери, со зголемување на компјутерката моќ;

    • f) Користење на современа софистицирана техничка опрема, земјени инструменти и опрема, употреба на авионски и сателитски платформи за создавање на моќни системи за обсервирање;

    • g) Подобрување на реагенсите и системите за засејување, посебно откривањето на брзо активирачкиот AgJ.

    • Околу 16 земји ги изнесоа своите национални програми за зголемување (стимулирање) на врнежи. Речиси еднаков број известија за своите програми за заштита од град, и околу 6 земји имаа дискусии околу нивните активностите за дисперзија на магла. Мала група на трудови беше фокусирана на неповолната модификација со облачни јадра на кондензација, како резултат на согорувања на различни маси од животинско и растително потекло, шумски пожари, готвење и загревање со јаглен. Ова прашање се очекува да биде клучно на идната, 9та СМО конференција за модификација на времето. 140-те научни трудови од нумеричка и техничка природа, со завршната дисккусија од страна на научниот комитет, го подобрија нашето знаење и разбирање за модификација на времето, и ги дефинираа основните правци за нејзиниот иден развој.

  • Сите податоци на нашиот портал се неофицијални. За можни грешки се извинуваме однапред.
    Дизајнот на порталот е дизајниран и оптимизиран за пребарувачот Int.Explorer ver.6 i ver7.

    Copyright 2007 - Infoproject Computers