Метео

Зимски центри
05.07.2008
П. Шапка(17h)
+19.4 0C
Маврово(17h)
+25 0C
Крушево(14h)
+22.9 0C
Вчера
мак мин
36,2 (17h) 10,3 (5h)
Гевгелија Берово
НАЈАВИ
06.07.2008
Стабилно и топло
Следува период на стабилно, суво и топло време.
НОВОСТИ
20.06.2008
Прв на Балканот соларен центар за тестирање
На 23-ти јуни во Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде пуштен во употреба соларен центар-прв на Балканот од ваков вид.По тој повод во понеделник во 12 часот ќе биде организирана свеченост.

МЕТЕОРОЛОГИЈА

  • Секторот

    Во секторот за

    метеорологија

    • се извршуваат работите што се однесуваат на:

    • организирање и раководење со работата во спроведувањето на комплетните метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки мерења и набљудувања, обработка, критичка контрола, архивирање, објавување и анализа на резултатите од извршените мерења и набљудувања; следење на компонентите на климатскиот систем и примена на резултатите во науката и стопанството.


    • Во составот на Секторот за метеорологија се:

    • 1. Одделение за метеоролошки набљудувања и мерења,

    • 2. Одделение за климатологија,

    • 3. Одделение за агрометеорологија

  • Набљудувања и мерења

    Одделение

    за метеоролошки набљудувања и мерења ги врши работите што се однесуваат на:

    • организирање и изработување на развојните, стручно оперативни програми и програми за огранизација на метеоролошките мерења и набљудувања како и метеоролошките мерења и набљудувања на аеролошката станица;

    • изготвување упатства и методи за мерења и набљудувања согласно резолуциите и препораките на СМО;

    • учество во домашни и меѓународни проекти во областа на метеорологијата и стандардизација на мерењата;

    • соработка со институции надлежни за стандардизација и метрологија;

    • организирање на програми за специјални мерења во истражувачки цели;

    • организирање и спроведување на административните, стручните и нормативните активности во одделението;

    • истражување на методи за рационализација и оптимализација на метеоролошкиот набљудувачки систем и примена на резултатите во разни гранки на науката и стопанството ;

    • организирање и развивање на соработката со интересенти за вршење на наменски метеоролошки мерења;

    • организирање и раководење со работата на метеоролошките станици во вршењето на комплетните синоптичко - метеоролошки, климатолошки, агрометеоролошки, фенолошки, мезометеоролошки, како и пратење на радиоактивноста на воздухот и врнежите и други специјални мерења;

    • обука и стучно оспособување на набљудувачките кадри како и водење грижа за спроведување единствени методолошки и стручни инструкции во работата на метеоролошките станици;

    • извршување на метеоролошки мерења и набљудувања, обработка на податоци, шифрирање на актуелни метеоролошки податоци и доставување на комплетна документација за понатамошна обработка;

    • изработка на планови за работа и спроведување на плановите на СМО што се однесуваат на мрежата на метеоролошките станици;

    • следење на нови методи за мерења и иновации во производство на инструменти;

    • организирање и работа на автоматскиот метеоролошки мониторинг;

    • извршување оперативно стручно технички работи во мрежата на метеоролошки станици;

    • извршување лабараториски контроли, баждарења и опсервации на метеоролошките инструменти и опрема.

  • Климатологија

    Одделение

    за климатологија ги врши работите што се однесуваат на:

    • разработка на методи за основна и виша обработка на податоците и критичка контрола на резултатите од извршените мерења и набљудувања од метеоролошкиот набљудувачки систем на Република Македонија;

    • анализирање на резултатите од извршените мерења и набљудувања и издавање на информации за времето и климата;

    • критичка анализа и обработка на податоците од специјалните мерења и набљудувања и изнаоѓање на законитост во споредба со другите параметри на времето и климата;

    • воспоставување и одржување на архива на метеоролошка документација од оригиналните метеоролошки податоци и обработка на резултатите од метеоролошкиот мерен систем на Републиката;

    • анализа на климата на Македонија и дефинирање на факторите кои влијаат врз елементите на климатскиот систем;

    • развој на методите за оценка и прогноза на локалните промени и колебања на климата;

    • изработка на климатски прогнози;

    • истражување на мезоклимата на градежните урбани средини вклучувајќи ги интерактивните врски помеѓу загаденоста на воздухот и климата;

    • учество во домашни и меѓународни проекти во областа на метеорологијата и климатологијата;

    • развој на методите за оценка на влијанијата на климатските промени во разни општествени и стопански активности, здравјето на луѓето и компонентите на човековата околина;

    • примена на метеоролошките информации и знаења, изработка на елаборати за климата во енергетиката, електростопанството, водостопанството, градежништвото, сообраќајот, урбанизмот, просторното планирање, медицината, туризмот, заштитата на човековата околина;

    • припремање на материјал за издавање на метеоролошко-климатолошки месечен и годишен извештај;

    • изработка на климатски карти на Р Македонија во ГИС технологија;

    • спроведување на плановите и програмите на СМО во областа на климатологијата;

  • Агрометеорологија

    Одделение

    за агрометеорологија ги врши работите што се однесуваат на:

    • изработување на програми, студии, елаборати, анализи, декадни, месечни, сезонски и годишни извештаи и информации за влијанието на метеоролошките елементи на состојбата на земјоделските култури;

    • подготвување упатства за работа од областа на агрометеорологијата;

    • обработка и контрола на декадни метеоролошки и агрометеоролошки податоци од метеоролошкиот набљудувачки систем, со графичко, табеларно, шематско и картографско прикажување и евидентирање;

    • подготовка на материјали за издавање месечен агрометеоролошки билтен, агрометеоролошки годишник, фенолошки годишник и годишник за температурата на почвата;

    • агроклиматско реонирање на земјоделските култури;

    • изработка на агроклиматски атлас со примена на ГИС апликации за одредени земјоделски култури;

    • изработка на агрометеоролошки прогнози за појава на елементарни непогоди, предупредувања, совети и препораки за нивно ублажување;

    • изработка на агрометеоролошки прогнози и информации за појава на болести и штетници кај земјоделските култури и прогноза на приноси кај истите;

    • користење на климатските прогнози за потребите во земјоделството;

    • изработка на фенолошки прогнози и прогнози за шумски пожари ;

    • следење и анализа на фенолошкиот развој кај растенијата според програмата за фенолошки набљудувања на фенолошките станици;

    • учество во меѓународната програма за фенолошки градини ;

    • мерење, мониторинг и анализа на податоците за влажност на почвата;

    • користење на модели за наводнување;

    • следење на влијанието на загаденоста врз растителниот свет;

    • проценка на влијанието на климатските промени во земјоделството;

    • учество во домашни и меѓународни проекти во областа на агрометеорологијата;

    • соработка со соодветни научни институции, земјоделски организации и здруженија, со цел поуспешно извршување на задачите од програмата;

    • соработка со интересенти за вршење наменски агрометеоролошки мерења и набљудувања.

  • Задачи

    Задачи

    Како професионална организациона единица, одделението врши:

    • контрола, обработка и архивирање на метеоролошките и агрометеоролошките податоци.

    • истражување за климата во урбана средина, вклучувајќи ги интерактивните врски меѓу загадената атмосфера и климата во градовите.

    • примена на метеоролошките информации и сознанија за климата во областа на водостопанството, земјоделието, шумарството, сообраќајот, урбанизмот, градежништвото, просторното планирање, туризмот, заштитата на животната средина здравјето на луѓето.

    • истражувања на енергетскиот потенцијал од сончевото зрачење и ветерот.

    • фенолошки набљудувања, мерења и анализи кај земјоделските култури.

    • агрометеоролошки оперативно - информативни, методолошки и истражувачки активности.

    • изработка на соодветни информации и прогнози за влијанието на времето и климата врз земјоделското производство, при неповолни временски состојби (мраз, суша и други непогоди) и друго.

Сите податоци на нашиот портал се неофицијални. За можни грешки се извинуваме однапред.
Дизајнот на порталот е дизајниран и оптимизиран за пребарувачот Int.Explorer ver.6 i ver7.

Copyright 2007 - Infoproject Computers