Метео

Зимски центри
05.07.2008
П. Шапка(17h)
+19.4 0C
Маврово(17h)
+25 0C
Крушево(14h)
+22.9 0C
Вчера
мак мин
36,2 (17h) 10,3 (5h)
Гевгелија Берово
НАЈАВИ
06.07.2008
Стабилно и топло
Следува период на стабилно, суво и топло време.
НОВОСТИ
20.06.2008
Прв на Балканот соларен центар за тестирање
На 23-ти јуни во Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде пуштен во употреба соларен центар-прв на Балканот од ваков вид.По тој повод во понеделник во 12 часот ќе биде организирана свеченост.

ХИДРОЛОГИЈА

  • Општо

    ОПШТО ЗА

    далеко минато

      Зборот Хидрологија означува наука за водата (hidro – вода и logos – наука).

    Хидрологијата е учење за водите кое датира од прастари времиња.

    Секако дека во праисторијата прачовекот не обрнувал внимание на науката но тој знаел дека без вода не можел да преживее. Начинот која вода да ја користи за пиење, во кои води да лови риби да се прехрани, постепено било пренесувано од генерации на генерации. Тој научил дека после обилни и интензивни врнежи мора да се засолни на безбедно и сигурно место и тоа го пренел на своите наследници. Многу записи во пештери, а потоа и на камени плочи, пергаменти и книги ни пренесуваат неверојатни приказни за големата интелигенција на човекот кога станува збор за водата.

  • Историја

    Историја

    пред христос

      Основни забелешки за познавањето на законите на водите и нивно користење се среќаваат 7000 години п.н.е., во Месопотамија (денешен Ирак), на спојот на реката Тигар и Еуфрат каде биле градени системи за наводнување на полињата засадени со растенија за исхрана на населението.

    Во тоа време се сметало дека Месопотамија е центар на светот.

    Во стариот Египет (4000 г. п.н.е.) кога владееле фараоните со до ден денес неразјаснетата енигма околу пирамидите, со сигурност се знае како во тоа време се зголемувале приносите на земјоделските култури кои биле засадувани по крајбрежјето на Нил. Античките Грци со големиот број на дејци меѓу кој и Великиот Архимед успеале да ги донесат законите на водата блиску до луѓето. Римјаните, користејќи ги античките и прастарите правила и закони за водите, успеале да изградат прекрасни хидротехнички објекти, објекти кои се совршени во секој поглед, објекти на кои и до ден денес им се восхитуваме. Во раниот и средниот век најдалеку стигнале царствата и империите каде науката за водите (хидрологијата) била најмногу изучувана. Leonardo da Vinci, со сигурност се знае дека е еден о најпознатите хидролози. Во тоа време за да ја измери брзината на движењето на одредени водотеци тој користел количка со тркало што претставува еден вид хидрометриски инструмент . Поплавите и сушите биле непријатели на сите, но оној кој ја разбирал хидрологијата можел да се справи со нив. Така е и до ден денешен.

  • Циклус

    Хидролошки

    циклус

    • Water Cycle
      Википедиа - англиски јазик.
    • Хидрологијата го објаснува движењето на водите, т.н. Хидролошки циклус.

    Ова движење го преставува непрекинатиот воден круг кој започнува со оформувањето

    на облаците во атмосферата и нивното празнење во облик на дожд или снег.При тоа водата од кога ќе падне на површината на земјата продолжува како површински тек или подземно понирање. Со истекот во поголемите реки, езера и мориња водата продолжува со своето движење и преку испарувањето од морињата и окенате повторно се враќа во облаците. Овој хидролошки циклус е всушност циклус на животот.

  • Хидролошки м.

    Хидролошки

    мерења

      Хидрологијата е мултидисциплинарна наука и за да се разбере хидрологијата во целост потребни зе предзнаења од физика, метеорологија, геологија, географија, биологија, хемија и.т.н. Хидрологијата го следи хидролошкиот циклус, а тоа претставува долготраен и обемен процес. Пред се потребни се дождомерни станици, со помош на овие станици се одредуваат количините на врнежи кои паѓаат од атмосферата. Потоа од кога ќе паднат на површината водните количини се следат преку водомерните и хидролошките станици.

    За таа цел се поставуваат на одредени локации т.н. Хидролошки станици, станици за површински

    води и станици за одредување на ниво на подземна вода. Овие станици (површински води) се посетуваат секојдневно од хонорарни наљудувачи, чија задача е секое утро да го забележат водостојот на реката (H cm). Кај подземните води набљудувањата се вршат на 5-10-15-20-25 и последниот ден од месецот. Овие информации еднаш месечно ги праќаат до УХМР. Хид.сектор има мрежа на хид.станици и станици на подземни води и извори. Притоа на територијата на РМ постојат 110 Хид.станици од Државната мрежа (68 активни) и преку 100 станици кои се дел од дополнителната истражувачка мрежа на станици. Кај подземните води постојат 115 станици, од кои 38 се активни. На хидролошките станици се организираат хидрометриски мерења. Овие мерења имаат за цел да воспостават зависност меѓу водостојот и протекувањата. Поради тоа што на територијата на РМ се среќаваат планински реки кои носат нанос и вршат продлабочувања и насипувања на коритата, потребата од чести хидрометриски мерења е услов за сигурни и точни хидролошки податоци. Поради тоа потребни се од 6 до 12 хидрометриски мерења годишно.

  • Хидромет.м.

    Хидрометриски

    мерења

      се вршат воглавно со хидрометриски крила за определување на средната брзина на водотекот.

    По извршеното претходно сондирање

    и определување на ширината на коритото се пристапува кон мерење на брзината на водата и тоа на одреден број на вертикали во зависност од длабочината и ширината на водотекот. Од кога ќе се утврди просечната брзина на водата (V m/s) во дадениот профил и неговата просечна површина (A m2) се добива вредноста на протечните количини на водите – V x A = Q (m3/s)
    Во последно време се користат најнови инструменти и методи за мерење на количините на водите. Една од нив е и методата со акустичен доплеров инструмент.

  • Задачи

    Задачи

    • директно мерење на хидролошките параметри

    • систематско следење на нивото на површинските и подземните води

    • следење на наносот во реките и езерата

    • следење на температурата на водите во реките и езерата

    • контрола на податоците и нивно ажурирање и архивирање во хидролошката база на податоци

    • информирање и предупредување на јавноста за развојот и наидувањето на штетните и опасни хидролошки појави

    • изработка на хидролошките подлоги,информации,прогнози и други стручни публикации на ниво на целата земја

Сите податоци на нашиот портал се неофицијални. За можни грешки се извинуваме однапред.
Дизајнот на порталот е дизајниран и оптимизиран за пребарувачот Int.Explorer ver.6 i ver7.

Copyright 2007 - Infoproject Computers