Метео

Зимски центри
05.07.2008
П. Шапка(17h)
+19.4 0C
Маврово(17h)
+25 0C
Крушево(14h)
+22.9 0C
Вчера
мак мин
36,2 (17h) 10,3 (5h)
Гевгелија Берово
НАЈАВИ
06.07.2008
Стабилно и топло
Следува период на стабилно, суво и топло време.
НОВОСТИ
20.06.2008
Прв на Балканот соларен центар за тестирање
На 23-ти јуни во Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде пуштен во употреба соларен центар-прв на Балканот од ваков вид.По тој повод во понеделник во 12 часот ќе биде организирана свеченост.

Сектор за анализа на состојбата на природна средина

  • Сектор

    Сектор за

    анализа на состојбата на природна средина

    • Ecology
      Википедиа - англиски јазик.
    • Во секторот се следат хемиските и физичките карактеристики од аспект на загадување на воздухот и водите.

    Секторот ги врши работите што се однесуваат на:

    следење на квалитативните карактеристики на површинските води, подземните води , езератата, акумулациите, водите кои се користат во системите за наводнување ; квалитативните карактеристики на амбиенталниот воздух , врнежите и почвата ; следење на трансграничен пренос на загадувачки материи низ атмосверата ; прогноза на тенденциите на загадувачките материи во водите, воздухот и почвата ; ажурирање на база и банка на податоци и устројување и водење на катастар на загадувачите на водите и воздухот.

  • Поделба

    Поделба

    ОДДЕЛЕНИА во секторот

    • 5.1. Одделение за следење на квалитетот на воздухот, водите и почвата.

    • Одделението за следење на квалитетот на воздухот, водите и почвата ги врши работите што се однесуваат на:

    • набљудувања и мерења на квалитативните карактеристики на површинските води, подземните води од првото ниво, езератата, акумулациите, водите кои се користат во системите за наводнување, вклучувајки ја и радиоактивноста на водите во мрежата на станиците и основна обработка на забележените и измерените вредности ,

    • набљудувања и мерења на квалитативните карактеристики на амбиенталниот воздух , врнежите и почвата и следење на трансграничен пренос на загадувачки материи низ атмосверата , ....

    • 5.2. Одделение за лабораториски анализи .

    • теренски и лабораториски мерења и испитувања на квалитетивните карактеристики на водите , воздухот и почвата, по строго утврдени , дефинирани и пропишани методи и методологии за детекција

    • детекција на параметри : физичко-хемиски, токсиколошки–тешки метали ,органски микрополутанти и други штетни и опасни материи во водите, воздухот и почвата,со помош на атомска апсорпција,гасна хроматографија–со или без масена спектроскопија, течна хроматографија,јонска хроматографија и други инструментални техники,...

  • 5.1 Оддел.

    5.1 Одделение за

    следење на квалитет на воздух, води и почва.

    • изработка на проекти за мрежа на станици за контрола и следење на квалит. на површинските, подземните и отпадните води , квалит. на амбиенталниот воздух-емисија и емисија и квалит. на почвата

    • студиско-аналитичка обработка и критичка контрола на резултатите од физичките, хемиските, токсиколошките, биолошките, микробиолошките и радиолошките анализи на површинските, подземните и отпадните води, класификација и категоризација на водите според аналитичките показатели и законски пропишаните норми ,

    • студиско-аналитичка обработка и критичка контрола на резултатите добиени со хемиските анализи на воздухот , врнежите и почвата ,

    • известувања и предупредувања до надлежните органи и организации во државата во случаи на вонредни и ненадејни загадувања на водите, воздухот и почвата , со утврдување на причините и последиците од неконтролираното загадување ,

    • воспоставување информациони системи за прибирање на податоци за состојбата и прогнозираните тенденции на загаденоста на водите, воздухот и почвата ,обезбедување на база-банка на податоци, како и водење на катастар на загадувачите на водите ,

    • изработка на студии, елаборати, анализи, извештаи , информации за состојбата со загаденоста на водите , воздухот и почвата, како и примена на модели за прогноза на нивото на загаденоста и методи за прогнозирање на загаденоста,

    • следење научни достигнувања од областа на квалитетот на водите, воздухот и почвата и учествува на едукативно–научните семинари и курсеви што ги организира Светската Метеоролошка Организација (СМО),

  • 5.2 Оддел.

    5.2 Одделение за

    лабораториски анализи

    • детерминација и микроскопска обработка на примероци од планктон и бентални организми, одредување на пропишаниот степен на сапробност или биолошка продуктивност по

    • , пропишани методи и методологии, класификација и категоризација на водотеците и езерата врз основа на добиените податоци ,

    • мерења и испитувања на содржината на штетни и опасни материи во отпадните води, односно излезните гасови од стационарни и мобилни извори на загадување,,

    • изработка на хемиски и биолошки анализи и други лабораториски стручни услуги на надворешни корисници ,

    • ги следи научните достигнувања од аналитичка хемија и учествува на едукативно – научните семинари и курсеви што ги организира Светската Метеоролошка Организација (СМО) ,

    • учество во меѓулабораториски интеркалибрации, во земјата и надвор од неа ( светски и европски хемиски центри за одредени за спроведување на одредени програми ).

  • Активности

    Активности

    Главни активности на одделението се:

    • Следење на квалитетот на воздухот на 23 мерни места

    • Мерење на емисија од стационарни извори

    • Следење и проценка на трансграничен пренос на загадувачките материи во воздухот и врнежите на големи далечини

    • Проценка на промените во атмосферата особено на оние загадувачки материи кои имаат големо влијание врз здравјето на луѓето

    • следење на квалитативните и квантитативните карактеристики на површинските води на 20 мерни места

    • повремена контрола на отпадните води од комунални и индустриски објекти

    • следење на хемиско-токсиколошко загадување на водите со повремено вршење на радиолошки и биолошки анализи и др.

Сите податоци на нашиот портал се неофицијални. За можни грешки се извинуваме однапред.
Дизајнот на порталот е дизајниран и оптимизиран за пребарувачот Int.Explorer ver.6 i ver7.

Copyright 2007 - Infoproject Computers